Вие имате прво да ја знаете вистината

Амбер Херд поднесе жалба на пресудата и најави нови докази против Деп

Актерката Амбер Херд официјално поднела жалба на пресудата, а сега е откриено дека ангажирала нов тим адвокати кои ќе го водат целиот случај поврзан со нејзиниот поранешен емотивен партнер Џони Деп и тужбите за клевета.

Во заедничкото соопштение за медиумите, пишува “E!News”, адвокатите нагласија дека овој случај добро им дошло, бидејќи “се работи за тоа за што се борат“.

– Убедени сме дека Апелациониот суд ќе си ја заврши работата како што треба. Овде нема да се работи за ничија популарност, ниту пак таквите работи ќе имаат некаква улога во приказната, додаваат тие, додека Амбер наводно најавила нови докази дека сепак она е во право.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!