Вие имате прво да ја знаете вистината

БЕРЛИН „ПРЕМИНУВА“ НА ТЕЧЕН ГАС: Германија обезбедува нов извор за подобро снабдување со гас

ГЕРМАНИЈА денеска доби потврда дека големите увозници на гас ќе ги задржат своите два најголеми терминали за течен природен гас (LNG) целосно во функција оваа зима за да ја намалат зависноста од рускиот гас, бидејќи Москва предупреди дека и онака високите цени на гасот би можеле повторно да растат, објави Ројтерс.

Русија, која претходно задоволуваше околу 40 отсто од потребите за гас на Европа, го намали снабдувањето поради проблеми со опремата, додека Берлин ја обвинува Москва дека сака да ја „уценува“ Европа. Германија се обидува да најде алтернативни извори на гас пред зимата, во случај Русија дополнително да го намали или целосно да го прекине снабдувањето, а Берлин веќе ја предупреди германската јавност за можно рационализирање на гасот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!