Вие имате прво да ја знаете вистината

ГРЕЕЊЕ НА СОБИТЕ МАКСИМАЛНО ДО 19 СТЕПЕНИ: Германија подготвува мерки за намалување на потрошувачката на гас

Геранските компании и јавните институции треба да ги загреат своите канцеларии на максимални 19 степени Целзиусови оваа зима за да помогнат во намалувањето на потрошувачката на природен гас, изјави денеска германскиот министер за економија Роберт Хабек.

Иако Германија, најголемата економија во Европската унија, брзо се обидува да се „одвикне“ од користење на природен гас од Русија како одговор на војната во Украина, таа сепак користи многу повеќе руски гас од многу други земји од ЕУ, пренесува АП. Русија веќе го прекина извозот на гас во неколку земји од ЕУ, а властите стравуваат дека Москва ќе го користи извозот на гас како политичко оружје за да ги олесни санкциите кон Русија, па дури и целосно да го прекине извозот во Европа во текот на зимата, кога побарувачката е најголема.

Германскиот министер за економија Роберт Хабек изјави дека иако 27-те земји од ЕУ ветуваат намалување на потрошувачката на гас за 15 отсто од август, Германија треба да ја намали потрошувачката за дури 20 отсто.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!