Вие имате прво да ја знаете вистината

ЗИМСКО СЦЕНАРИО НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА: Се подготвува организиран прекин на струја

Европската унија, предводена од Велика Британија, се подготвува за зимско сценарио за организирано прекинување на струјата на граѓаните.

Со оглед на тоа дека зголемениот недостиг на гас ќе се совпадне со студеното време, аналитичарите предвидуваат не толку позитивна и перспективна зима за ЕУ.

Земјите-членки веќе немаат идеја како да добијат гас. Тие се свесни дека мора да посегнат по итни мерки за штедење.

Стана извесно дека ЕУ си нанесе најголема штета со воведувањето санкции кон Русија. Германија веќе воведе значителни мерки за штедење, исклучување на водата во фонтаните и јавните бањи, ограничување на употребата на клима во јавните институции и забрана за преносни клима уреди. Спомениците и зградите од историска важност во Берлин се во темнина, бидејќи амбиенталното осветлување е исклучено за да се заштеди енергија.

Берлинската катедрала, статуата на Фридрих Велики и Форумот веќе некое време се во темнина. Не треба да си пророк за да предвидиш долга и тешка зима за Европа. Далеку од тоа дека жителите на поголемите, но и на помалите земји од ЕУ се навикнати на рестрикции на електрична енергија, па се поставува прашањето како ќе реагираат на оваа појава и какви превирања организираа прекини на струја, доколку се случи, ќе предизвика.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!