Вие имате прво да ја знаете вистината

„ПРИЗНАЈТЕ ГО ГЕНОЦИДОТ, ЌЕ МОРАТЕ ПОРАНО ИЛИ ПОДОЦНА“ Полјаците сериозно му се заканија на Киев

Полскиот заменик министер за култура изјави дека масакрот на Полјаците во 1943 година може да се дефинира како геноцид и дека Украина мора да го признае.
Станува збор за масовно убиство на Полјаци од страна на украински националисти за време на Втората светска војна во два украински региони, а полски функционер смета дека Киев порано или подоцна ќе мора да го признае.

Ќе мора да го признаат тоа, бидејќи тоа е факт. Беше донесена политичка одлука која беше спроведена со цел етничко чистење, поточно истребување на целото национално малцинство кое со векови живеело на тој простор. Тоа е геноцид и одговара на сите детерминанти на дефиницијата за геноцид, така што таму нема дебата. Ова е историски факт, а Украина порано или подоцна ќе мора да го признае – изјави Јарослав Селин за полските медиуми.

Според полските историчари, масакрирани се меѓу 100.000 и 130.000 етнички Полјаци, а злосторството го извршила војската на Степан Бандера.

Во 2016 година, полскиот парламент воспостави национален ден за сеќавање на жртвите, кој се одбележува секој 11 јули, кога војската на Бандера на УПА нападна 150 градови во регионите Волинија и Источна Галиција каде што живееја припадниците на полското национално малцинство.

Тогаш реагираше и официјалниот КИ, кој тврдеше дека усвојувањето на ваква резолуција во Варшава е контрапродуктивно, потсетува денеска Раша.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!