Вие имате прво да ја знаете вистината

АПОКАЛИПСА ВО КОРЗИКА! Од островот пристигнува снимка од застрашувачката бура! Загинаа три лица, меѓу кои и 13-годишно девојче (Видео)

Три лица, вклучително и една тинејџерка, загинаа во ураганските ветрови што во четвртокот ја зафатија Корзика и оставија 45.000 домови без струја, соопштија властите.

Град, силен дожд и ветрови со брзина до 224 километри на час го погодија францускиот остров бидејќи делови од земјата кои беа погодени од серија топлотни бранови и силни суши добија повеќе дождови за само неколку часа отколку во неколку месеци заедно.

На видеата можете да видите како авионот речиси се распаѓа од налетот на силниот ветер.

На Корзика, 13-годишно девојче загина кога дрво падна на кампот каде што престојуваше, а 72-годишна жена смртно настрада кога на нејзиниот автомобил падна кров од колиба на плажа, соопштија властите.

Најмалку 12 лица се повредени на островот, а спасувачките операции се во тек на морето, додаваат тие.

На копнениот дел на Франција , околу 1.000 домаќинства останаа без струја, објави електричната мрежа Енедис.

Во средата вечерта, улиците на Марсеј беа поплавени, при што струи вода се слеваа по скалите во пристанишниот град, покажаа снимките на социјалните мрежи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!