Вие имате прво да ја знаете вистината

ВРАЌАЊЕ ОД МОРЕ СО СИМПТОМИ СЛИЧНИ НА НАСТИНКА: 9 знаци кои укажуваат дека сте го „закачиле“ ОМИКРОН БА.5

Лекарите велат дека девет специфични симптоми може да значат дека сте заразени со подваријантата BA.5.

Бројот на новозаразени со корона вирусот од ден на ден се зголемува, а многумина кои се вратиле од одмор во Грција и Црна Гора по враќањето пријавиле симптоми на настинка, за кои се сомневале дека се ковид.

По делта омикрон и другите соеви на овој вирус, сега примарната подваријанта на омикрон се нарекува БА.5. Иако симптомите на сите видови на овој вирус се донекаде слични, постојат некои специфики кои укажуваат дека сте заразени со одреден вид.

Тим норвешки истражувачи успеаја да одредат прецизно кои симптоми омикрон и субваријантата BA.5 всушност може да предизвикаат, а во тоа им помогна студијата за масовна инфекција на забава кон крајот на ноември, која беше објавена во списанието „Eurosurveillance “. По интервјуирањето со 111 од 117 гости, од кои 89 примиле две дози од вакцината mRNA, но без засилувачка доза, научниците откриле дека 66 луѓе биле позитивни на ковид, а уште 15 најверојатно биле заразени со вирусот.

Истражувачите потоа можеа да ги намалат пријавените симптоми на секој од заразените. Тие откриле дека најчести се многу интензивна кашлица која се чувствува како да ги „раскинува белите дробови“, течење или затнат нос, замор и летаргија, болки во грлото, главоболка, болки во мускулите, треска и кивање.

Во исто време, експертите исто така забележаа дека претходно вообичаените симптоми како што се губење на вкус и мирис или отежнато дишење, се јавуваат поретко со најновата подваријанта. Иако ажурираната листа на потенцијални симптоми може да го олесни утврдувањето дали сте заразени со подваријантата BA.5, списокот е исто така доста сличен на оние предизвикани од други вообичаени вируси. Во некои случаи, дури е многу тешко да се разликува дали е омиктон без тест.

„Овој вид предизвикува тешка настинка и болест слична на грип“, вели д-р Притиш Тош, лекар за заразни болести и истражувач во клиниката Мејо.

Други велат дека дури и некои од основните симптоми се појавуваат поинтензивни како што се шири BA.5. Џозеф Кабаза, лекар за белодробна и критична нега во Клиниката во Кливленд, рече дека забележал зголемен број пациенти кои пријавиле болна конгестија на синусите и силни болки во грлото што ги споредува со инфекција со стрептококите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!