Вие имате прво да ја знаете вистината

Сите погледи на светот моментално се насочени кон нуклеарната централа Запорожје – УКРАИНА ГИ СПРЕМА РАКЕТИТЕ ЗА НАПАД, ОТКРИЕН Е И РУСКИОТ ПЛАН!?

Сите очи на светот моментално се насочени кон нуклеарната централа Запорожје во Украина, бидејќи во случај на експлозија, катастрофата наводно би ја зафатила цела Европа!

Русија вели дека Украина планира да изврши напад врз нуклеарната централа Запорожје во наредните денови, а украинската страна планира да ја обвини Русија за тоа. Според воени експерти, се води пропагандна војна бидејќи се уште не се знае кој ја бомбардира областа околу нуклеарната централа. Научниците на Украинскиот хидрометеоролошки институт вчера објавија симулација на ширење на отровни облаци во случај на експлозија, а според резултатите од таа симулација, токсичниот облак би ја покрил речиси цела Европа, вклучително и Македонија.

Американскиот Стејт департмент наведува дека Русија наводно го игнорира прашањето за нуклеарната безбедност и применува насилство врз сите вработени во нуклеарната централа. Руската амбасада во Соединетите Американски Држави го негира тоа, тврдејќи дека Вашингтон ги турка украинските сили во реализација на криминални идеи со отворени лаги за ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје, поради што се заканува вештачка катастрофа со чии последици Европа ќе треба да се справува многу децении.

Украинската државна нуклеарна агенција „Енергоатом“ објави дека руските сили планираат да ги затворат функционалните енергетски единици во Запорожје и со тоа да ги исклучат од украинската електрична мрежа. Таму се подготвува „провокација од големи размери.“ Голем број странски медиуми известуваат дека од утрово наводно е евидентирано движење на голем број руски возила околу нуклеарната централа Запорожје.

„Руската војска во моментов бара добавувачи на гориво за дизел генераторите, кои треба да се вклучат по исклучувањето на енергетските единици во отсуство на надворешно напојување за системите за ладење на нуклеарно гориво“, се вели во соопштението на „Енергоатом“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!