Вие имате прво да ја знаете вистината

ШОКАНТНИ ТВРДЕЊА ОД МОСКВА – УКРАИНА УБИ СТО СВОИ ВОЈНИЦИ! Брутална казна, зад се стои смртоносниот КРАКЕН

Руското Министерство за одбрана тврди дека украинската паравоена единица „Кракен“ убила 100 украински војници поради дезертерство и за да спречи ширење на паника меѓу украинската армија!

Според тврдењата на Министерството за одбрана на Русија, украинската паравоена единица „Кракен“ егзекутирала 100 украински војници поради дезертирање. Убиените војници припаѓаат на 58-та моторизирана пешадиска бригада.

Руските сили ја нападнаа населбата Уди кај Харков, а таму ги пречека украинската 58 моторизирана бригада. Руската страна тврди дека единицата се повлекла иако не и било дозволено и дека паравоената единица Кракен, која уби 100 украински војници, морала да одговори за да испрати силна порака до другите војници низ земјата и да спречи ширење на паника поради на наводни порази и тешки загуби на украинската војска во Харков.

„Кракен“ е специјална разузнавачко-диверзантска единица која припаѓа на украинското Министерство за одбрана и работи одвоено од официјалната армија. Москва вели дека станува збор за паравоена единица која е огранок на Азовскиот полк.

Министерството за одбрана на Русија го обвинува овој баталјон за бројни воени злосторства од почетокот на војната во Украина. Според неофицијални информации, „Кракен“ има околу 1.800 војници, од кои повеќето се ветерани и доброволци на „Азов“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!