Вие имате прво да ја знаете вистината

КОЛОСАЛНА ГРЕШКА НА ПУТИН: “Тој навистина веруваше дека Украина ќе биде поробена за само неколку дена” – КИЕВ Е БАСТИОНОТ НА ПРАВОСЛАВНА УКРАИНА!

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Олексеј Данилов изјави дека Русија имала агенти во украинскиот одбранбен, безбедносен и полициски сектор за време на инвазијата…

Владимир Путин и неговите најблиски соработници веруваа дека ќе им требаат само неколку дена за да го соборат Зеленски, пренесува Ројтерс, кој добил потврда од пет лица кои биле запознаени со подготовките на Москва за инвазијата.

Исто така, Путин верувал дека за ова нема да му треба голема воена сила, дека воопшто нема да има потреба да “крева” голем број војници… Дека тоа ќе биде релативно лесна “работа”.

По повеќе од 150 дена инвазија, и повеќе од 40.000 изгубени војници, на сите им е јасно колку Путин “промашил” со проценката.

Подготовките за инвазијата траеја најмалку една година пред да започне. Русите успешно се инфилтрираа во сите украински служби. Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Олексеј Данилов, рече дека Русија имала агенти во украинскиот одбранбен, безбедносен и полициски сектор во времето на инвазијата.

Исто така, една година пред инвазијата, Русите испратија агенти во нуклеарната централа во Чернобил, со цел да се обидат да ги поткупат газдите едноставно да им го остават тоа, без борба. Во тоа успеале за кратко, но…

Валентин Витер, поранешниот шеф на обезбедувањето во Чернобил, е под истрага за велепредавство и е во притвор, пренесува Ројтерс. Неговиот адвокат ги отфрла тврдењата, но според украинските медиуми, има многу докази против него…

Москва имаше “заспани агенти” во украинските служби на чии информации сметаа – изјави извор од Кремљ.

Нивниот број не е познат, но украинскиот претседател Володимир Зеленски пред околу 15 дена им додели неколку откази на своите блиски соработници затоа што во своите агенции имале голем број шпиони и “предавници на Украина“.

Новинарите на Ројтерс не можеа и нема да можат самостојно да ги потврдат информациите за плановите на Путин и заспаните агенти. Затоа што тешко дека Путин ќе признае ваква колосална грешка…

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!