Вие имате прво да ја знаете вистината

ЛЕТНА ЗАБАВА – Војната беснее, илјадници умираат, а жителите на Москва уживаат: “Не не интересира политика. Сакаме да зборуваме за шминка и фитнес”

“Никој повеќе не сака да слушне за војната, односно за специјалната воена операција”.

Руската агресија против Украина влезе во шестиот месец, а Москва е град кој прави се за да ги затвори очите пред ужасите на војната и да ужива во опуштено лето натопено со шампањ, исто како и секое друго лето во руската метропола. И покрај илјадниците мртви и ранети во бруталната војна.

Како што пишува Гардијан, паркот Горки е домаќин на серија настани, фестивали на отворено преполни со публика, баровите и кината се полни со гости во вечерните часови, млади заљубени парови танцуваат на музика, а пешаците застануваат покрај реката за да направат селфи.

“Да, се забавуваме. Не ни е грижа за политиката, сакаме да танцуваме и добро да се забавуваме. Не можам повеќе да се грижам и ова ми помага да заборавам“, вели Ана Митрохина, една од танчерките на понтонската платформа на реката Москва.

Една од соговорничките на Гардијан е lifestyle блогерка на Инстаграм со над 100.000 следбеници кои првично се спротивставија на војната, но сега вели дека свесно одлучила да престане да зборува на темата, како поради официјалните забрани, така и поради негативните реакции на нејзините претплатници.

“Никој повеќе не сака да слушне за војната, односно за специјалната воена операција. Ми велат да престанам да зборувам за тоа и да се вратам на нормалните теми како грижа за шминката и фитнесот“, вели блогерката, барајќи да остане анонимна.

“Секогаш кога ќе го спомнам, добивам пораки со омраза. Ме боли и го повредува мојот бизнис. Престанав да го спомнувам. Едноставно тоа не постои за многу луѓе“, вели таа, додавајќи дека најмногу ги боли луѓето кога ќе спомнам војната не поради забраната, туку затоа тоа што тоа ги изморува.

Во написот под наслов “Како јавното мислење се крие од вистината”, рускиот политички аналитичар Андреј Колесников и анкетарот на Левада Центар Денис Волков пишуваат дека војната станала рутина за многу Руси.

“Поради неможноста да се влијае на она што се случува, луѓето помалку размислуваат за глобалните политички прашања и се фокусираат на секојдневните животни прашања”, пишуваат авторите.

Ако Русите беа шокирани од избувнувањето на војната во март, пишуваат авторите, сега многу малку од нив ја наведуваат како тема што е важна за таа земја.

На многумина им е полесно да се приклучат на “mainstream” и да ја поддржат руската инвазија или да бидат рамнодушни кон војната, велат авторите, нарекувајќи ја “најудобната” позиција во која човек не е принуден да “следи, или што е најважно да , размисли”. По бранот на репресија, има многу малку гласови кои јавно зборуваат против војната. Но, некои се уште се таму.

На масата покрај прозорецот во московското кафуле Пушкин, Алексеј Венедиктов гласно го опишува конфликтот како “катастрофа”, додека вработените гледаат загрижено. Поранешниот директор на радио станицата “Московска Ека”, која беше затворена поради противење на војната, беше прогласена за странски агент.

“Бев непријател, сега сум предавник”, вели тој за својата врска со Владимир Путин. Венедиктов со години игра на сигурно, заштитувајќи ја независноста на радио станицата и одржувајќи добри односи со претставниците на Кремљ. Сега и двете завршија.

“Им кажав на нашите вработени дека затворањето на Јека е цена на нашата слобода. И нивната невработеност е цена. Сакавте слобода, јас ја обезбедив. Јас бев ваш заштитник. Сега ја плаќаме цената”, изјави тој за Гардијан.

Венедиктов се дружеше и со луѓе како Маргарита Симонијан, шефица на RT и главна телевизиска навивачка на Путин.

“И ги покажав фотографиите од мртвите деца во Мариупољ. Видов дека и се насолзија очите. А потоа слушнав што кажа на телевизија. Дека сами го направиле тоа, дека е наместено, дека биле нацистите… Тоа е зошто повеќе не разговараме. Не разбирам како таа како мајка може да го издржува тоа. И така е во секое семејство“, вели тој.

Гардијан пишува дека тензиите постојат во семејствата ширум земјата, особено во поголемите градови, каде што помладите генерации обично се либерални, а постарите ја поддржуваат војната, па често има случаи кога родителите и децата повеќе не разговараат поради ситуацијата во Украина.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!