Вие имате прво да ја знаете вистината

БУРА НАД РУСИЈА, ГРМАТ СУХОИ -Моќните борци тргнаа во молскавична акција

Екипажите на руските ловци Су-35С, Су-30СМ, МиГ-31 на Источниот воен округ зазедоа борбени позиции на аеродромите во Хабаровск, Приморски крај, Камчатка и автономниот округ Чукотка како дел од стратешките вежби „Восток-2022“.

Борбените посади во рамките на вежбите ќе откриваат воздушни цели, ќе ја следат ударната авијација додека изведува напади на копнени цели и ќе вежбаат воздушна поддршка.

Вежбите „Восток-2022“ почнаа денеска и ќе траат до 7 септември под команда на началникот на рускиот Генералштаб на територијата на Источниот воен округ.
Вкупно ќе учествуваат повеќе од 50.000 војници, повеќе од 5.000 единици оружје и воена опрема, вклучително и над 140 авиони, 60 воени бродови, чамци и помошни бродови. Во маневрите ќе учествуваат 2.000 кинески војници и 300 воени возила.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!