Вие имате прво да ја знаете вистината

ВО ЕВРОПА СЕ РАЃА НОВАТА СУПЕРСИЛА – НИКОЈ ВОЕНО НЕМА ДА МОЖЕ ДА Ѝ ПАРИРА: Силно е “анти Путин” позиционирана – алармот на Исток веќе е вклучен!

По инвазијата на Украина, Полска реши сериозно да инвестира пари во вооружување и зајакнување на копнената армија, па пред една недела потпиша договор за 250 тенкови М1А2 Абрамс со американската компанија Џенерал Динамикс Ленд Систем. Договорот е вреден 1,1 милијарда долари.

По руската инвазија на Украина, Полска започна програма вредна неколку милијарди долари, со која ќе се зајакне копнената армија на оваа земја, а крајната цел е полските сили да бидат способни сами да спречат евентуален руски напад и тоа ја (на)прави Полска тенковска велесила, за десет години ќе има повеќе тенкови од Велика Британија, Германија, Франција, Холандија, Белгија и Италија заедно, пишува Popular Mechanics, списание специјализирано за воени прашања.

Пред една недела полската влада потпиша договор за продажба на 250 тенкови М1А2 Абрамс со американската компанија Џенерал Динамикс Ленд Систем. Договорот е вреден 1,15 милијарди долари или 4,6 милиони долари по тенк. Тоа е дел од уште поголема зделка од шест милијарди долари, која вклучува и набавка на 26 херкули (оклопни спасувачки возила), 776 тенковски митралези, огромни количини тенковска муниција, симулатори, петгодишна обука и техничка поддршка…

Веста за потпишувањето на договорот за набавка на американски тенкови доаѓа откако Полска склучи уште повреден договор со Јужна Кореја за купување на речиси неверојатни 980 тенкови К2 Блек Пантер, 648 самоодни хаубици К-9 Краб и 48 ФА-50 напреден тренинг/лесен борбен авион.

Американските и јужнокорејските тенкови ќе ја заменат полската флота од тенкови Т-72 кои беа развиени уште во советската ера. Како заклучок, кога целата воена опрема ќе пристигне во Полска, копнената армија на таа земја ќе има 1.280 нови тенкови наместо сегашните 972 постари тенкови. Покрај тоа, Полска го набавува и артилерискиот ракетен систем ХИМАРС, како и американските повеќенаменски борбени авиони Ф-35, пренесува Јутарњи Лист.

Модерна Полска зазеде силен прозападен и антируски став, а растечката економија на Полска ѝ дозволи да троши до три отсто од својот БДП за одбрана – двојно повеќе од Германија. Руската инвазија на полскиот сосед Украина предизвика тревога во Варшава, која одлучи да изгради вооружени сили подготвени да ја одвратат Русија од можен напад.

Со овие 1.230 нови тенкови, полската тенковска флота ќе стане најголема и најмодерна во Европа. Во следната деценија Полска ќе има повеќе тенкови од Обединетото Кралство, Германија, Франција, Холандија, Белгија и Италија заедно. Пред инвазијата на Украина, руската армија имаше 2.800 тенкови во активна служба, а уште десет илјади постари тенкови во резерва. Русија загуби најмалку 989 од своите најдобри тенкови досега. Армијата на САД е втората по големина тенковска сила со 6.333 тенкови, од кои околу половина се во активна служба. Кина е трета со околу 5.800 тенкови.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!