Вие имате прво да ја знаете вистината

Американскиот суд нареди Хезболах да плати 111 милиони долари на група Американци

Случајот беше донесен според американскиот антитерористички акт, а обвинителите тврдеа дека Хезболах им нанел физичка и емоционална повреда, како и штета на нивниот имот.

Американскиот федерален суд во Њујорк и наложи на либанската политичка групација Хезболах да плати отштета од 111 милиони долари на група Американци кои ги тужеа затоа што беа ранети во ракетни напади од страна на групата за време на војната со Израел во 2006 година.

Случајот е покренат според американскиот антитерористички закон, а обвинителите изјавиле дека Хезболах им нанел физички и емоционални повреди, како и штета на нивниот имот, пренесува Танјуг, повикувајќи се на АП.

Важна правна победа
Ваквите граѓански тужби против политичките групи тешко се спроведуваат, но Ницана Даршан-Лајтнер, една од адвокатите кои ги застапуваа тужителите, рече дека тоа е важна правна победа против групата поддржана од Иран.

Портпаролот на Хезболах одби да ја коментира пресудата.

Израел и Хезболах водеа војна во 2006 година која траеше еден месец. Израел погоди цели во Либан, додека Хезболах лансираше илјадници ракети врз градовите во северен Израел. Израел сè уште ја смета групата за голема закана.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!