Вие имате прво да ја знаете вистината

Трошоците на „Форд“ повисоки за милијарда долари

Американскиот производител на автомобили „Форд“ најави дека поради инфлацијата во третиот квартал трошоците на компанијата ќе бидат милијарда долари повисоки трошоци од планираното, а дополнителен проблем ќе претставува недостигот делови.

Поради недоволно снабдување со делови, до крајот на третиот квартал ќе останат недовршни повеќе возила од планираното, соопшти синоќа американскиот автомобилски гигант.

Нивните проценки се дека во четвртиот квартал компанијата ќе склопи и испорача до дилерите меѓу 40 и 50 илјади возила, главно камиони и теренци. Независно проблемите со производството, компанијата ја потврди сегашната проценка на овогодинешната прилагодена добивка пред камати и даноци (EBIT) во износ од 12 милијарди, плус/минус 500 милиони долари.

Прилагодениот EBIT за третиот квартал треба да биде во опсег од 1,4 до 1,7 милијарди долари, додаваат тие, истакнувајќи дека целосниот оперативен извештај за периодот јули-септември ќе биде објавен на 26 октомври.

„Форд“ го заокружи првиот квартал со нето-загуба од 3,1 милијарди долари поради намалената вредност на инвестицијата во производство на електричните автомобили „Ривиан“. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!