Вие имате прво да ја знаете вистината

Гардијан за драмата во Кремљ: Путин повеќе би ризикувал нуклеарна војна отколку да признае пораз

Владимир Путин влезе во ќош во Украина. И врз основа на претходното искуство, тој е подготвен да ризикува нуклеарна војна пред да го признае поразот, пишува Ендрју Рот, новинар од британскиот Гардијан.

Поминаа седум месеци од почетокот на инвазијата на Украина, а руските трупи беа потиснати низ регионот Харков, додека украинските сили напредуваат во Луганск и вршат притисок врз руската армија и линиите за снабдување во Херсон.

Доколку силите на Путин не успеат да ја спречат оваа украинска контраофанзива, не е исклучено Русија да ги загуби териториите што ги држи од 2014 година.

Одржување референдум

Соочен со понижување, Путин упати нова закана: да се одржи „референдум“ во регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, што може да доведе до нивна анексија кон Русија на почетокот на следната недела.

Така, Путин би ја претворил „специјалната воена операција“, како што Русите ја нарекуваат инвазијата во Украина, во одбранбена војна, која би отворила можност за целосна мобилизација, објавување војна, па дури и нуклеарен удар.

Маргарита Симонјан, главен уредник на RT, еден од главните пропагандисти и лобисти на Путин за војна, рече: „Судејќи според тоа што се случува и што ќе се случи, оваа недела го означува или прагот на нашата непосредна победа или ќе бидеме на прагот на нуклеарна војна. Не гледам трета опција“.

Нема сомнеж дека рускиот план за одржување на лажни референдуми за анексија на украински територии и заканата од масовна воена ескалација е само уцена, посочува Гардијан.

Стратегија полна со ризици

Малкумина всушност ја разбираат длабочината на лудилото на Кремљ околу Украина или подготвеноста на Путин да ги троши руските животи и благосостојба, како и сопственото наследство, да ја наметне својата волја на соседна Украина, што, пишува Рот, стана јасно во февруари.

  • Стратегијата на Кремљ е полна со ризици. Новите анексии би можеле дополнително да ја поткопаат руската контрола врз територии како што е Крим – вели Рот, додавајќи дека најновата закана може да ја потврди вистината на двете навидум спротивставени тези.

Првата е дека ова е ултиматум дизајниран да ги исплаши Украина и западните сојузници, што би ја спасил Русија од пораз, а втората е дека тоа е показател за намерата на Путин да оди до крај.

– Се чини дека Путин не сака да ја деескалира ситуацијата во Украина – пишува Рот и истакнува дека „Или победа или ескалација“ е соодветен опис на стратегијата на Путин.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!