Вие имате прво да ја знаете вистината

Жителите во Русија – „Илјадници руски мажи, наши татковци, браќа и сопрузи, ќе бидат фрлени во воена машина за мелење месо. За што ќе умрат?“

Руското движење „Весна“ (Пролет) денеска повика на протести против мобилизацијата што ја најави рускиот претседател Владимир Путин.

Властите предупредија дека такво нешто ќе се казнува најстрого.

„Илјадници руски мажи, наши татковци, браќа и сопрузи, ќе бидат фрлени во воена машина за мелење месо. За што ќе умрат? Поради што ќе лијат солзи мајките и децата?“, се наведува во апелот на движењето.

Во пресрет на конечното усвојување на измените на кривичниот закон, движењето ги повика руските војници да одбијат да учествуваат во војната и да се предадат додека не стапат во сила амандманите што ги усвои Државната дума, а што тоа го прават кривично дело.

– Јасно е дека криминалната војна се влошува, се продлабочува, а Путин се обидува во тоа да вклучи што повеќе луѓе, истакна рускиот опозициски лидер Алексеј Навални преку видео порака снимена во затворот, а објавена од неговите адвокати.

Руското регулаторно тело за медиуми, Роскомнадзор ги предупреди медиумите дека ќе дојде до нивно „моментално блокирање“ доколку шират „лажни информации“ за мобилизацијата.

Роскомнадзор напомена оти медиумите смеат да користат само официјални информации за мобилизацијата.

Обвинителството на Москва денеска потсети дека повиците на неусогласени акции и учество во нив, се казниви и постои закана од кривична одговорност.

„На интернет, вклучително и на социјалните мрежи, има информации што повикуваат на учество во јавни собири во Москва и вршење други противзаконски работи. Овие масовни настани не се договорени со органите на извршната власт на начин пропишан со закон“, соопшти надзорниот орган повикувајќи се на измените на законот, донесени по руската инвазија врз Украина, каде за ширење лажни информации за вооружените сили на Русија, може да се добие и до 15 години затвор.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!