Вие имате прво да ја знаете вистината

Поради оваа причина не постои ниту една фотографија од кралицата Елизабета кога била бремена, а таа родила четири деца

Јавноста ширум светот отсекогаш била заинтригирана од бременоста во кралските семејства. Сепак, нема фотографии од кралицата Елизабета Втора кога била бремена и тоа со причина.

Кралицата Елизабета родила четири деца: кралот Чарлс III (1948), принцезата Ана (1950), принцот Ендру (1960) и принцот Едвард (1964). Таа никогаш не била фотографирана бремена бидејќи во минатото било табу бремени жени од кралското семејство да бидат видени во јавноста.

Кралскиот протокол порано бил исклучително строг, па затоа им забранувал на трудниците воопшто да кажат дека се бремени.

Во 1948 година, Њујорк Тајмс објави кратка изјава во која пишуваше:

„Принцезата Елизабета нема да учествува на каков било вид јавен настан по крајот на јуни“.

Пет месеци подоцна таа го родила Чарлс. Таа, исто така, никогаш не била фотографирана со бебињата на скалите од болницата, што оттогаш стана традиција.

Принцот Вилијам беше првиот наследник кој се роди во болница. Следниот ден, принцезата Дијана и кралот Чарлс „позираа“ со него пред болницата Сент Мери во Падингтон.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!