Вие имате прво да ја знаете вистината

По кибернападите во Албанија пристигна тим на НАТО, предводен од Апатурај

Тим на НАТО, предводен од заменик-помошникот генерален секретар на Алијансата за политички прашања и безбедносна политика, Џејмс Апатурај денеска допатува во Тирана по кибернападите врз системите на албанската влада и институциите.

На заедничката прес-конференција со министерот за одбрана Нико Пелеши, високиот претставник на НАТО рече дека Абанија ќе ја има помошта и поддршката во однос на кибернападите што ги претрпе земјата во последните месеци од Иран.

Апатурај истакна дека тој  и неговиот тим пристигначе во Тирана одблиску да ја согледаат ситуацијата и да направат подобра координација за да и помогнат на земјата.

– Сите земји од НАТО знаат за нападот врз Албанија и секако Ве поддржуваат во овој поглед. Ова е пораката што генералниот секретар му ја пренесе на премиерот Рама на последната средба. Секако, сакав да ги истакнам многуте напори што ги направи албанската држава, почнувајќи од Владата па се до ниското ниво, за да се справи со овие напади што беа направени. Секако, помошта дојде од НАТО, дојде на техничко ниво од различни НАТО земји, но и на индивидуално ниво од различни структури. Јас и мојот тим дојдовме овде од неколку различни причини, но прво главната причина е да ја разгледаме ситуацијата и да направиме координација на сојузниците и штабот на НАТО во врска со кибетнападот што се случи, за да се увидат долгорочните потреби на вашата земја да изгради одбранбена мрежа против овие напади и Албанија да направи чекори напред на ова поле, рече Апатурај.

Пелеши истакна дека тимот доаѓа за да обезбеди помош во врска со киберпрашања, запознавање со моменталната ситуација, како и потребите и можностите за решавање на овие тековни прашања.

– Овие напади беа наменети целосно да ги уништат системите и платформите на владините служби, но не ја постигнаа целта да ги уништат сите наши системи за информатичка технологија. Албанската Влада реагираше веднаш по обезбедувањето несоборливи докази за потеклото на нападот со итно прекинување на односите со Иран. Нашите сојузници остро ги осудија нападите и застанаа на страната на Албанија преку различни изјави или со пристап на специјализирана помош во оваа област. Во моментов, по речиси пет недели интензивна работа, стана возможно да се вратат различни системи и платформи во служба на граѓаните на нашата земја, рече Пелеши.

Тимот на НАТО доаѓа по комуникацијата на премиерот Еди Рама со генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

Првата средба ја имаше со Пелеши а ќе се сретне и со претставници на МНР, МВР, како и со претставници на Агенцијата за информатичко општество.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!