Вие имате прво да ја знаете вистината

По најавата на Путин, летовите од Русија распродадени, цените на билетите од Москва за Белград достигнаа рекорд!

 Билетите за летовите од Русија брзо се распродадоа откако претседателот Владимир Путин потпиша указ за делумна мобилизација на 300.000 резервисти. Цените на билетите за лет во еден правец од Москва до Белград, судејќи според веб-страниците на кои може да се резервираат и купат билети, достигнуваат рекордни цени.

Според веб-страницата “травел.медиаалфа” (travel.mediaalpha), за 22 септември цената на билетот во еден правец на релација Москва – Белград чини 3.323 долари, додека за еден ден подоцна, 23 септември, цените се движат од 1.600 до 5.600 долари, во зависност од класата и број на трансфери. Кога станува збор за други датуми, најдобрата цена моментално е 1.600 долари.

Најголем дел од летовите на “Ер Србија” меѓу Москва и Белград се распродадени. Според податоците на веб-страницата на оваа компанија, првите слободни термини се 25 и 26 септември, а потоа и 9 октомври. Цените за повратни летови се движат од 160.000 до 230.000 динари (од 1.364 до 1.960 евра).

Во разговор со претставници на агенцијата “Флај тајм”, која се занимава со продажба на авиобилети, според нивната база на податоци, првото слободно место е на 29 септември, авиопревозникот е “Ер Србија”, а цената е 75.000 динари (640 евра).

Како што наведуваат, од Москва до Белград може да летате директно со “Ер Србија”, со “Туркиш ер” со попатна станица во Истанбул и “Флај Дубаи” со попатна станица во Дубаи.

Директните летови од Москва до Истанбул, Турција и Ереван, Ерменија, двете безвизни дестинации за Русите, беа распродадени во средата, според податоците на “Авиаселс” (Aviasales), а некои летови со меѓуслетување, вклучувајќи ги и оние од Москва до Тбилиси, исто така беа недостапни, наведува порталот Н1.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одби да одговори на прашањата на новинарите за можното затворање на границите на Русија за да се спречи бегството на воено способни лица по најавата за делумна мобилизација за потребите на војната во Украина. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!