Вие имате прво да ја знаете вистината

РУСИЈА ПРВ ПАТ ГИ ОБЈАВИ ВОЈНИТЕ ЗАГУБИ!? – ШОЈУГ ИЗНЕСЕ ШОКАНТНИ ПОДАТОЦИ: Сите се прашуваат како е тоа можно?

Според изјавата на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, Русија загубила 6.000 војници во војната, а Украина 10 пати повеќе.

Руската армија загуби речиси 6.000 војници за време на борбите во Украина, изјави во средата министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Бројот на загинати на украинската страна е десет пати поголем, со 61.207 загинати киевски војници, рече министерот. Ова е првпат Русија да ги објави своите загуби за време на воена операција од крајот на март кога бројот на загинати војници беше 1.351, според Министерството за одбрана.

„Нашите загуби досега се 5.937 мртви. Првично, вооружените сили на Украина имаа меѓу 201.000 и 202.000 луѓе, а оттогаш претрпеа загуби од околу 100.000, со 61.207 убиени и 49.368 ранети“, откри Шојгу.

Тој, исто така, ја пофали работата на воените медицински лица, велејќи дека 90 отсто од руските војници кои биле ранети во борбите можеле да се вратат во акција по лекувањето.

Шојгу додаде дека оттогаш Киев мобилизирал стотици илјади луѓе во своите сили. Руските сили и милициите на Народната република Доњецк и Луганск, исто така, елиминираа повеќе од 2.000 платеници кои се бореа за Киев, рече министерот. Малку повеќе од 1.000 странци во моментов остануваат во редовите на украинската армија, додаде тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!