Вие имате прво да ја знаете вистината

Сергеј Шојгу ги објави бројките: Можеме да мобилизираме 300.000 луѓе, половина од украинската армија е веќе уништена!?

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денес изјави дека не се во војна само со Украина, туку и со целиот Запад.

Како што истакнува министерот, Западот и доставува огромно количество оружје на Украина.

Напад врз цивилното население

  • Се користи за напади врз цивилното население – рече Шојгу.

Имено, тој тврди и дека Украина изгубила половина од армијата, што е повеќе од 100.000 луѓе, од кои 61.207 загинале, додека 49.368 се ранети.

Да потсетиме, претседателот на Русија Владимир Путин утрово го одржа долгоочекуваниот говор во кој се осврна на најавените референдуми на територијата на Украина и натамошните чекори на Руската Федерација во оваа земја.

Делумна мобилизација

Меѓу другото, рускиот лидер најави дека ќе се спроведе делумна мобилизација во Руската Федерација.

Според него, Русија има огромни мобилизациски ресурси.

  • Ќе се искористи само еден процент од ресурсите. За време на делумната мобилизација ќе бидат повикани 300.000 резервисти – рече Шојгу.

Тој, исто така, ја нарече инвазијата на Украина „специјална воена операција“ наведувајќи дека нејзината главна задача се реализира.

  • Ќе направиме се да ја решиме – заклучи Шојгу.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!