Вие имате прво да ја знаете вистината

Татко и син стоматолози од Франција со години ќе лежат во затвор, обезличија еден куп пациенти (видео)

Таткото и синот стоматолози, Жан-Клод Карно (71) и Лајонел Гуеџ (42) од Марсеј, Франција, се осудени на затворски казни поради лекарска грешка.

Синот доби осум години затвор, а таткото пет, пренесува Le Telegramme .

Тие беа прогласени за виновни за осакатување на стотици пациенти во текот на шест години. Судијата изјави дека тие вовеле систематизирани третмани со кои ги уништувале животите на луѓето, оставајќи ги без насмевка и во неподнослива болка.

Казната беше образложена со долгиот период во кој се случило злосторството, бројот на жртвите и предизвиканата „многу сериозна штета“. 

Се наведува и дека ги злоупотребиле правилата на стоматолошката професија.

Насобраните во судницата аплаудираа по пресудата.

Како што докажа обвинителството, Лајонел Гуеџ извадил или лекувал речиси 4.000 здрави заби и поставил 28 пати повеќе протези од просечниот француски стоматолог. Обвинителството за него побара десет години затвор под обвинение за намерно осакатување луѓе.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!