Вие имате прво да ја знаете вистината

Туристите изненадени, Атина во темница – Ја исклучија струјата во зградата на градската управа за да штедат електрична енергија

Осветлувањето на зградата на градската управа на градот Атина беше ограничено како дел од привремените мерки за борба против енергетската криза предизвикана од војната на Русија против Украина, соопштија грчките власти, јавува Anadolu Agency (AA).

Предвидено е зградата на градската управа да не биде осветлена во вечерните часови.

Ќе има и ограничени светилки на археолошките локалитети во грчката престолнина, а постоечките системи за осветлување ќе бидат поекономични со употреба на LED диоди.

Осветлувањето во зградата на грчкиот парламент исто така е ограничено на почетокот на неделата.

За да се заштеди енергија, светлата од предната и од страните на зградата беа исклучени, но со одлука на претседателот на Собранието, Костас Тасулас, подоцна беше најавено дека ќе остане вклучено само безбедносното осветлување.

Во последните неколку недели, многу европски земји воведоа различни мерки за ограничување на потрошувачката на електрична енергија и поттикнување на нејзината одговорна употреба.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!