Вие имате прво да ја знаете вистината

Јапонец се самозапали во знак на протест поради државниот погреб на поранешниот премиер Абе

Маж се замозапали во Токио протестирајќи против одлуката на владата следната недела да одржи државен погреб на убиениот поранешен премиер Шинзо Абе.

Новинската агенција Кјодо јавува дека инцидентот се случил во близина на канцеларијата на јапонскиот премиер, а полицијата во свесна состојба го пренела мажот во болница.

Полицијата соопшти дека на местото на инцидентот пронашла и белешка во која мажот напишал дека остро се противи на државниот погреб закажан за следниот вторник.

Во јули, Абе беше убиен за време на предизборниот говор во западниот град Нара.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!