Вие имате прво да ја знаете вистината

Арсовски: Над 8.000 граѓани го изгласаа господинот Ковачки да влезе како пратеник во Собранието

„Над 8.000 граѓани го изгласаа господинот Ковачки да влезе како пратеник во Собранието на Република Македонија бидејќи тој ги претставува нив. Таму е заради своите општествени заслуги, таму е бидејќи граѓаните ја ценат неговата стручност, таму е затоа што војниците на Република Македонија на кои што голем дел им бил надреден го почитуваат и може легитимно да се бори од собраниските клупи за нивните проблеми“, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Топ Тема“.

Арсовски додаде дека во изминатиов период граѓаните гледаат како власта не ги решава проблемите на војниците и Армијата.

„Ако имате некој сериозен аргумент против господинот Ковачки СДСМ нека го истакне пред јавноста. Премногу е несериозно да СДСМ нафрла теми и оцрнува човек за кој што немаат доказ. Ако имаат доказ нека го произнесат во јавноста. Јас верувам во професионалноста на господинот Драган Ковачки. СДСМ треба малку повеќе да се позанимаваат и фокусираат на нивниот претседател на партија и претседател на Владата, бидејќи тоа што го направил е многу сериозна тема. Таа тема би требало СДСМ да си ја дебатира на внатрешните состаноци со органите на партијата. Бидејќи човек кој што ја оставил на цедило својата држава, својот народ и кој што се обиде да ја лаже јавноста зошто не служел воен рок, а потоа гледаме дека и дезертирал и дека некој доктор му препишал дијагноза трајно неспособен, тоа навистина е сериозен манипулант од човек кој што треба сериозно СДСМ да го преиспита во неговото делување“, појасни Арсовски.

Портпаролот посочи дека Ковачевски го има изиграно законот само за да не служи воен рок.

„Излезе во јавноста некаде мислам дека беше изјава во прилеп јануари месец 2022 година, каде што Ковачевски се обиде да излаже зошто не служел воен рок. И треба да се размисли во најмала рака од морални причини дали тој човек треба да ја води државата или не“, нагласи тој.

Арсовски рече дека Ковачевски не треба да си дозволи во никаков случај да ја манипулира јавноста и да избегнува закони.

„А, тоа што пишува во неговата дијагноза дека е трајно неспособен како човек за служење на воен рок, оттука повлекува да се испита дали и зошто е трајно неспособен, односно каква е неговата деловна способност да раководи со премиерската функција“, укажа Арсовски.

Во текот на емисијата Арсовски се осврна и на криминалите кои што се сторени од страна на СДСМ, а институциите не реагираат.

„Самата Кузеска призна дека она кое што го прават преку прес конференциите и соопштенијата е манипулација, зошто? Затоа што самата призна за истото велејќи дека нема докази туку дека ги охрабрува институциите да испитаат што точно се случува со тендерот, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека во соопштението на Европската инвестициска банка јасно се посочува дека набавките за тој тендер се спроведени во согласност со водичот за набавки на Европска инвестициска банка и во согласност со одобрената стратегија за набавка

„Обидите да се ревидира стратегијата за набавки без соодветно оправдување во оваа фаза од процес на еваулација или неусогласени принципи со доверливост може да предизвика значително одложување во процесот на набавка и на тој начин може да ја загрози достапноста на средствата“, рече Арсовски.

Тој кажа дека соопштението од страна на Европската инвестициска банка е потврда дека Перински си ја вршел работата достојно и онака како што треба по закони својата работа.

„Она кое што мене ме загрижува во овие моменти изминатите денови тоа е практично некоја си космична координираност помеѓу СДСМ и случувањата во ЈП Водовод или Град Скопје, зошто го велам ова? Ова го велам затоа што уште во текот на утрешниот ден влегоа екипи на финансова полиција, што навистина и е во ред тоа да се случи за да се исчисти сомнежот“, вели Арсовски.

Арсовски истакна дека кога било до Перински предложено да се промени комисијата, била одбиена таа препорака бидејќи не е во согласност со законите и си продолжила да тече понатака постапката, тоа е се регулирано со дописи.

Арсовски запраша за тоа до каде е истрагата за оној скандал во Управата за јавни приходи каде над 10-тици милиони пари се проневерени и испрани помеѓу реални компании за фиктивен поврат на ДДВ?

Тој запраша за тоа дали обвинителството работи со истата брзина како што влезе во ЈП Водовод по допрен глас, за случај за кој Европската инвестициска банка потврдува дека се е чисто и регуларно? Зошто институциите не работат еднакво за сите граѓани туку работат директиви на СДСМ.

„Каде се институциите во Фондот за иновации за проневерени 10-тици милиони евра, каде се институциите да влезат и да испитаат околу нелегалното работење на очната болница која ја штитеше СДСМ и Бухова во центарот на Скопје, тоа е болницата на ПроМедика?“, дециден е Арсовски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!