Вие имате прво да ја знаете вистината

ВУЧИЌ ЗА ВРЕМЕ НА ГОВОРОТ ВО ООН ИСТАКНА: Србија е жртва на хибридна војна на меѓународната заедница! (ВИДЕО)

Зборувајќи на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека балканскиот регион не може да поднесе уште еден конфликт.

Според него, „Белград овој процес го води во многу сложени околности во кои се води хибридна војна и валкана кампања од страна на меѓународната јавност против нашата земја на различни полиња.

Доволно е да потсетиме на цитатите и изјавите на светските медиуми дека Србија ќе ги нападне соседите и дека претставува закана за регионалната стабилност. Се разбира, тоа никогаш не се случи, а тоа беше само една во низата бројни лаги против Република Србија. Србија се карактеризира како потенцијален фактор на дестабилизација во регионот, само затоа што не би ја кажала вистината – дека принципот на неповредливост на границите мора да важи подеднакво за сите – посочи Вучиќ.

Тој нагласи дека „Србија била и ќе биде фактор на стабилност во целиот регион“.

Србија и покрај многуте невистини и фалсификати го поддржува Дејтонскиот мировен договор. Територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина и интегритетот на Република Српска во рамките на Босна и Херцеговина. И затоа што таа веруваше дека политиката на санкции воведена денеска против Руската Федерација не може никому да донесе добри резултати – рече Вучиќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!