Вие имате прво да ја знаете вистината

,,Жена од султана” за Лабунски: ,,Слушнав дека е хомосексуалец”. По сите приказни кои се слушаа, таа јавно го разоткри

Откако Адам Лабунски раскажа како пејачката Тијана Милентијевиќ ,,му се пуштала”, „жена од султана“ реши да ја каже својата верзија.

– Мислев дека е смешно кога ја слушнав таа приказна. Бевме на роденден на заеднички пријател – фризер од Македонија. Со нас беа 20-30 луѓе и сите видоа дека ме малтретира, прво мене, а потоа и другите девојки кои беа присутни – започна презентацијата на Тијана.

-Друго, никогаш не сум приишла ниту пак сум допрела некој кој, барем така сум слушнала, е хомосексуалец. Не ме интересира целата таа приказна. Тој се обидува да достигне слава по секоја цена и тоа е сè што ќе кажам на оваа тема.

Кога ќе се случи такво нешто, се лутам и во моментот се чувствувам виновна затоа што некој ме стави во ситуација да се кажуваат лаги за мене. Сепак, брзо се смирувам бидејќи важно е да има живи сведоци кои знаат што се случило и тогаш сето тоа ми станува смешно – додаде Милентијевиќ.

Да потсетиме, Адам при влегувањето во моментално актуелната, шеста сезона на реалното шоу програма „Zadruga“, раскажа како Тијана еМ агресивно го нападнала, но тој ја одбил.

– Едвај и’ побегнав на Тијана. Таа ме задеваше цела ноќ. Ми кажа дека многу и’ се допаѓам. Неколку пати се обиде да ме бакне, но јас не бев толку расположен. Таа е слатка девојка, но јас и’ реков дека сум зафатена и не сум подготвена за такви авантури. Не и’ беше гајле, а подоцна и самата ми кажа дека е зафатена и има дечко, но дека не е задоволна со него и дека ќе раскине.

Не ѝ дадов причина да мисли нешто, тоа беше само непријатна ситуација. Бев изненаден што беше толку агресивна, но другите луѓе кои беа со нас ми рекоа дека е таква кога некој и’ се допаѓа – изјави Лабунски пред една недела.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!