Вие имате прво да ја знаете вистината

ЖИВЕЕ ВО СТРАВ – Вработена во нуклеарната централа Запорожје: “Руските чувари се насилни, не дај Боже да ги погледнете погрешно…”

Вработената не е убедена дека мисијата на IAEA ќе добие целосна слика за тоа што се случува во нуклеарната централа

“Се чувствуваме како заложници“, изјавила за CNN вработена во нуклеарната централа Запорожје.

Жената, чиј идентитет остана анонимен, а за потребите на ова интервју го носи кодното име Олга, рече дека работните услови за вработените во фабриката се “екстремно стресни” и откри дека руските чувари честопати се насилни.

Не дај Боже да го погледнете чуварот на погрешен начин. За тоа може да бидете затворени во подрум”, кажала Олга во телефонското интервју во четвртокот.

Вели и дека војниците секојдневно ги претресуваат вработените. “Не можеме да носиме телефони, USB стикови или мемориски картички со нас“, додаде таа.

Олга разговараше со новинарите на CNN од нејзиниот дом во градот Енерходар, окупиран од Русија. Таа вели дека при посетата на мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) останала дома бидејќи се плашела од гранатирање.

Олга не е убедена дека мисијата на IAEA ќе добие целосна слика за тоа што се случува во нуклеарната централа Запорожје. Таа се надева дека забележале само “руски војници, тешка воена опрема од хеликоптери и штета предизвикана од нивното гранатирање”.

Таа вели дека нејзината иднина е мрачна.

Сите наши желби, слобода, потреби и волја ни се истиснати и само чекаме се да помине”, заклучи Олга.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!