Вие имате прво да ја знаете вистината

Инстаграм падна, корисниците ширум светот пријавуваат проблеми

Корисниците ширум светот пријавуваат проблеми со користење на апликацијата Instagram на нивните телефони.

Веб-страницата Downdetector наведува дека нешто по 18:00 часот, по наше време, луѓето почнале да се жалат на пречки.

Корисниците известуваат дека не можат да ја отворат апликацијата и таа постојано покажува грешка.

Според веб-страницата Downdetector, паднал и Facebook Messenger.

Причината за проблемот е непозната, а од компанијата на Твитер напишаа дека се свесни за проблемот и работат на решавање на проблемот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!