Вие имате прво да ја знаете вистината

ОПШТ ХАОС МЕЃУ РУСКИТЕ ВОЈНИЦИ – Многумина повеќе не сакаат да војуваат за Путин! Но, тој не се откажува – ВАКА ГИ ЛОВИ ДЕЗЕРТЕРИТЕ

Руската армија се соочува со голем број дезертери и сега е принудена на нова тактика.

Русија распореди хеликоптери за потрага по воени дезертери во окупираната украинска област околу Херсон, во обид да ги спречи нејзините војници да бегаат во голем број. Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти, а беше објавено од Newsweek, дека значителните руски загуби и неподготвеноста за борба придонеле за влошување на моралот и психолошката состојба на руските војници и дека бројот на дезертери рапидно растел.

„На привремено окупираната територија на регионот Херсон, непријателот беше принуден да распореди хеликоптери и оружје за да бара дезертери и да ги врати на борбените позиции“, се вели во соопштението на украинскиот Генералштаб.

Тие објаснија дека неколку дена претходно е забележано интензивно движење на невооружени руски војници низ Каланчак, во правец на привремено окупираниот Крим. Каланчак се наоѓа во делот на јужниот регион каде во моментов се одвива украинската контраофанзива, пишува Слободна Далмација.

Доколку се потврди, украинскиот извештај дава пластичен увид во состојбата во руските воени редови во седмиот месец од почетокот на агресијата. Британската разузнавачка служба веќе во неделата, врз основа на своите податоци, оцени дека кризата на моралот и дисциплината во руските редови е на врвот. Министерството за одбрана на Обединетото Кралство напиша дека прашањата како што се борбениот замор, големите жртви и проблемите со платите се меѓу главните поплаки на руските војници. Украинските проценки за бројот на загинати Руси во Украина надминаа 50 илјади оваа недела. Москва последен пат ја даде својата официјална проценка за жртвите на 25 март, кога руските воени команданти изјавија за државната новинска агенција Тасс дека 1.351 руски војник биле убиени, а 3.825 биле ранети.

Неодамнешните разузнавачки извештаи за руските обиди за регрутирање во Молдавија бележат катастрофа и масовно дезертирање. Во извештајот на Главната управа за разузнавање на украинското Министерство за одбрана се вели дека дури и жителите на Придњестровје одбиваат да потпишат договори со руската војска, и покрај ветувањата за високи плаќања во готовина, пакети за социјална помош и поевтини станови. Дезертерство е забележано не само кај жителите на Придњестровје, туку и кај руските војници во околината, а поради ограничениот број на расположливи контингенти, Русите ги немаат потребните ресурси за потрага и враќање на исчезнатите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!