Вие имате прво да ја знаете вистината

Погребот на кралицата е најголем трошок на Обединетото Кралство

Кралицата Елизабета Втора беше погребана пред два дена во Вестминстерската опатија. Иако единаесет од дванаесетте дена на жалост се финансиски покриени од кралското семејство, трошоците за погребот ги покрива владата на Обединетото Кралство.

Покрај подготовките, организацијата, ковчегот на кралицата, Владата ќе плати и за доаѓањето на национални и меѓународни функционери.

Според пресметката на медиумите, смртта на кралицата ќе ја чини Британија 6 милијарди фунти, а во оваа бројка спаѓа и крунисувањето на кралот Чарлс III, како и трошоците за други промени кои неминовно ќе се случат.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!