Вие имате прво да ја знаете вистината

Познатиот фудбалер помина низ пекол, ја прокоцкал куќата, размислувал за самоубиство: Загубил над 8.000.000 евра, се обложувал и на пинг-понг!

Поранешниот англиски репрезентативец Пол Мерсон си го направи животот пекол.

Поранешниот англиски репрезентативец и фудбалер на Арсенал, Пол Мерсон е добро познато лице на љубителите на фудбалот во Премиер лигата. Некогаш имаше одлична кариера, а последниве години работи како професионален консултант на телевизија. Сепак, животот не му е лесен и Пол често запаѓа во неволја поради неговата склоност кон коцкање.

Едно време призна дека изгубил над осум милиони евра кои ги заработил во кариерата, а сега на површина излегоа нови детали од животот на Мерсон. Поранешниот фудбалер во текот на кариерата имал проблеми со алкохол, дрога и обложување, а последната од трите страсти го следеше до неодамна. За време на карантинот поради корона, семејните заштеди за да купи куќа ги потрошил на обложување…

„Добив дополнително слободно време бидејќи немаше ТВ серии за да се појавам, па ми се допадна карантинот. Размислував за иднината. Моите постари деца имаа дом, сакав да оставам нешто на помалите деца. Кејт и јас имавме заштеда од околу 160.000 фунти за купување куќа. Сето тоа го потрошив на неколку облози. Се обложив онлајн, преку приватни обложувалници. Последниот облог ставив 8.000 фунти на пинг-понг. Не знам ништо за пинг-понг , но тоа беше единствената понуда, ништо не се играше поради короната“, изјавил Мерсон.

Пол Мерсон се женеше три пати, а сега стравува дека неговата зависност може да уништи уште еден брак. Иако е татко на осум деца, поранешниот фудбалер сепак се однесува неодговорно и смета дека поради ова – доколку ситуацијата не се подобри – би можела да го напушти и неговата трета сопруга.

Се сеќавам дека седев во дневната соба и размислував за самоубиство. „Уништив сè“, си помислив додека ги гледав децата како играат“, изјави поранешниот играч на Арсенал.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!