Вие имате прво да ја знаете вистината

Претседателот на Гана пред ОН повика на повеќе инвестиции во агробизнисот во Африка

– Претседателот на Гана, Нана Акуфо-Адо, ги повика светските инвеститори да го поддржат развојот на профитабилната агроиндустрија во Африка, со цел да се обезбеди безбедност на храната на глобално ниво.

Нагласувајќи дека над 60 отсто од неискористената обработлива површина во светот се наоѓа во Африка, Акуфо-Адо посочи дека континентот со својот неискористен потенцијал отвора нови можности за технологија и производство на храна.„Африка е подготвена за бизнис. На Африка и требате вие ​​и вам ви треба Африка“, им порача претседателот на своите колеги во обраќањеТО пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.Во врска со прашањето за последиците од руско-украинската војна што предизвика глобална криза со храна, претседателот Акуфо-Адо ја повика инвестициската заедница да гледа на агробизнисот во Африка како на можност, а не како ризик.„Располагаме со доволно земја, доволно вода, доволно гас и доволно труд за да произведеме вештачко ѓубриво, храна и енергија за себе и за другите. Ви треба Африка затоа што континентот напорно работи на изградба на најголемиот единствен пазар во светот со 1,3 милијарди луѓе“, рече тој.

Со оглед на очекувањата до 2030 година земјоделскиот сектор во Африка да достигне вредност од околу трилион американски долари, претседателот на Гана изрази оптимизам дека потенцијалот и можностите на агроиндустријата на континентот ќе ја мотивираат меѓународната заедница да ги зголеми инвестициите во производството на храна во Африка. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!