Вие имате прво да ја знаете вистината

Пропагандната машина на Путин меле, сега има нова цел: “Да се ​​умре за Русија е најголема чест”

Патриотизмот и непоколебливата лојалност кон големата руска држава се платформата на која Кремљ сака да го изгради образованието на децата

Во еден клас мали школски деца стојат пред руското знаме. Портретот на Владимир Путин, рускиот претседател, има свое место на полицата во училницата. Потоа, наставникот притиска копче и од звучниците се слуша бомбастичната руска национална химна. Вака изгледа новата неделна рутина за милиони деца ширум Русија кои ја започнаа учебната година на 1 септември, пишува британски Телеграф.

Воениот план на Путин во Украина не се остварува како што тој замисли, па Кремљ ја насочи својата моќна пропагандна машина на децата. Патриотизмот и непоколебливата лојалност кон големата руска држава се платформата на која Кремљ сака да го изгради образованието на учениците.

Заедно со воведувањето на споменатата церемонија на подигнување на знамето во училиштата, Кремљ, исто така, им нареди на наставниците да одржуваат неделни групни дискусии за важноста на служењето на Русија и татковината. Тој сака децата да разберат дека да се умре за татковината е чест и дека без силна Русија која ја брани словенската држава, животот не вреди, пишува Телеграф.

Од септември 2023 година, сите училишни деца ќе треба да учат и нов предмет наречен “Основи на духовната и моралната култура на народот на Русија”. И за да се увери дека сите ја добиле пораката, омилениот пропагандист на Кремљ, Владимир Соловјов, оваа недела покани десетици деца на своето ТВ-шоу во ударен термин.

“Да се ​​купи автомобил и да се купи стан е прекрасно и одлично, но тоа не е целта на животот. Ние сме најважната земја затоа што нашата судбина е најголема!” им порача тој, чекорејќи низ бината облечен во темнозелена униформа налик на војник.

Учениците кои пред него беа седнати и го слушаа, изгледаа запрепастени. Тие само зјапаа во Соловјов, кој на шоуто најчесто ги кани аналитичарите кои се залагаат за нуклеарно уништување на Западот.

Вториот дел од овој бизарен план за перење мозок на децата се случи на речиси 1.000 километри во руската ексклава Калининград, каде Путин беше во ненадејна посета. Путин ја започна посетата со средба со учениците по почетокот на учебната година, а неговата неформална средба со учениците беше пренесувана во живо на руската телевизија. Цело време изгледаше нервозен.

“Нашата мисија и на нашите војници (…) е да ја запреме војната на Киев против Донбас и да ги заштитиме луѓето и се разбира, да ја одбраниме самата Русија”, им рече Путин тогаш на децата.

Путин им зборуваше и за важноста на дисциплината и ги збуни спомнувајќи го “гумените задници”:

“Да се ​​работи напорно е талент сам по себе. Талентот е да се терате себеси да работите продуктивно. Тоа не е, извинете, само “гумен задник”, рече тој и во себе се насмеа на неговата шега. Но, судејќи по тишината и збунетите погледи на децата, тие не ја разбрале шегата. Што точно мислел со “гумен задник”, веројатно малкумина знаат. Едно од објаснувањата е дека се работи за можна поврзаност со прекарот даден на озлогласениот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов во Советскиот Сојуз. Всушност, тој бил познат како човекот со “задник од камен”, поради неговата способност да работи на биро 20 часа без престан.

Според новата анкета, Русите сè уште ја одобруваат војната на Путин, и покрај економските тешкотии и големиот број на жртви. Неговата пропагандна машина работи и продолжува да работи со полна брзина, а секоја форма на несогласување од страна на опозицијата може да биде фатална.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!