Вие имате прво да ја знаете вистината

Реал Мадрид со загуби од над 100.000.000 евра

Шпанската репрезентативна кошарка деновиве е на пиедестал поради последниот успех на “Црвената фурија“. Додека во фокусот на европската јавност се уште е освоеното европско злато над сите очекувања, под радар помина веста за финансиската состојба на Џанан Муса од Реал Мадрид.

Специјализираниот портал “2playbook“ наведува дека загубите на “Кралскиот клуб“ во последните четири години ја надминале сумата од 100.000.000 евра! И покрај новата економска криза, Реал минатата сезона одвои 41.000.000 евра за буџетот на играчите и стручниот штаб, што е за околу 10.200.000 повеќе од парите за натпреварувачката сезона 2020/21. Сето тоа доведе до загуби од 31.100.000 евра, што досега не се случило во историјата на клубот. За споредба, минусот за претходната сезона беше помал за 12.210.000 евра.

Кога ќе се повлече линијата, Реал не успеа да ја покрие сумата од 102.840.000 европски банкноти за сезоните 2018/19, 2019/20, 2020/21 и 2021/22. За тоа време, Белите двапати беа шампиони на Шпанија, победници на Купот на кралот во 2020 година и три домашни Суперкупа. Тие годинава беа финалисти и на Евролигата во Белград.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!