Вие имате прво да ја знаете вистината

Ровер UАЕ ќе биде лансиран на Месечината во ноември

Роверот „Рашид“, кој го носи името на владејачкото семејство во Дубаи, ќе биде лансиран со ракета Falcon 9 SpaceX од вселенскиот центар Кенеди на Флорида.

Обединетите Арапски Емирати во ноември ќе го лансираат својот прв лунарен ровер, вселенско летало без екипаж, кое ќе ја проучува површината на Месечината, изјави директорот на мисијата Хамад Ал Марзуки.

Тој изјави за The National дека роверот Рашид, именуван по владејачкото семејство на Дубаи, ќе биде лансиран со ракета Falcon 9 SpaceX од вселенскиот центар Кенеди во Флорида помеѓу 9 и 15 ноември, а точниот датум ќе биде објавен следниот месец.

Леталото треба да стигне на Месечината во март следната година со помош на Јапонија, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

„Го тестиравме леталото и задоволни сме од резултатите“, изјави директорот на мисијата.

Простор за љубопитство
Месечевата мисија е дел од стратегијата на ОАЕ да преземат водечка улога во истражувањето на вселената.

Доколку мисијата успее, ОАЕ би можеле да станат четвртата земја што слетала вселенско летало на Месечината, приклучувајќи им се на САД, Советскиот Сојуз и Кина. Индија, Израел и Јапонија го испробаа ова без успех.

Сателит на Емирати е во орбитата околу Марс за да ја проучува атмосферата на црвената планета. Тој проект е реализиран во соработка со Јапонија во 2021 година.

ОАЕ планираат да основаат човечка колонија на Марс во 2117 година, пренесува Ројтерс.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!