Вие имате прво да ја знаете вистината

Цунода останува во Алфа Таури

Возачот на Алфа Таури Јуки Цунода ќе вози следната година во Формула 1 шампионатот за тој тим, бидејќи го продолжи договорот на една година.

22-годишниот јапонски возач дебитираше во Формула 1 пред две години во Алфа Таури и следната сезона ќе му биде трета во шампионатот.

Засега не се знае кој ќе вози за тимот со Цунода во 2023 година, бидејќи се шпекулира дека Пјер Гасли би можел да се пресели во Алпин. Холанѓанецот Ник де Вриј, кој го замени болниот Алекс Албон во Вилијамс во Монца, е еден од кандидатите за нов возач на Алфа Таури, во случај Гасли да замине, објави “Скај”.

Цунода сезонава во три наврати заврши меѓу првите десет, а најдобар резултат во кариерата му е четвртото место на минатогодишната последна трка од сезоната во Абу Даби.

Тој им се заблагодари на Ред Бул, Хонда и Алфа Таури за можноста во Формула 1.

“Откако минатата година се преселив во Италија за да бидам поблиску до фабриката, почувствував дека навистина сум дел од тимот и мило ми е што ќе продолжам да се тркам со нив во 2023 година. Се разбира, оваа сезона се уште не е завршена Сè уште се бориме во средината и јас сум целосно концентриран да го завршиме на високо ниво, а потоа ќе ја чекаме следната година “, рече Цунода.

Цунода моментално е 16-ти во поредокот кај возачите со 11 бодови, додека неговиот тимски колега Гасли 22 бода.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!