Вие имате прво да ја знаете вистината

Шпанците тестираат ново правило во кошаркарската лига: Ова ќе ја забрза играта

Шпанците тестираат ново правило во својата кошаркарска лига со цел да ја забрзаат играта. 

Шпанската кошаркарска асоцијација на тој начин донесе правило според кое кошаркарите во АЦБ лигата нема да мора да го чекаат судијата, туку ќе можат веднаш да уфрлаат аут од страна кога топката ќе излезе надвор од рамките.

Според вообичаеното правило, играта беше прекината со цел судијата да му ја предаде топката на играчот и со тоа да му даде шанса на тимот да се врати во одбраната. Она што е интересно е дека правилото ќе важи во првите 38 минути од натпреварот, додека последните две минути ќе се играат по старите правила. 

Од шпанскиот кошаркарски сојуз изјавија дека ова е експериментална сезона.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!