Вие имате прво да ја знаете вистината

Ѓоковиќ ја објави “најскапата“ тениска фотографија на сите времиња и најави голем викенд (фото)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објави фотографија од Лејвер купот на која се гледа таканаречената голема четворка на светскиот тенис и луѓето кои ја одбележаа најдобрата ера на белиот спорт.

Лејвер купот годинава привлекува повеќе внимание од вообичаено, а како треба да биде бидејќи тоа ќе биде последен турнир во спектакуларната кариера на Роџер Федерер. Славниот Швајцарец настапува во Тим Европа и утре ќе го одигра последниот дуел во кариерата во двојки заедно со Рафаел Надал.

Тимот има голема четворка заедно. Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Енди Мареј тренираат заедно, а четворицата штотуку споменати тенисери го одбележаа тенисот во последните две децении. Неверојатните меѓусебни дуели и големите ривалства засекогаш ќе останат запаметени како златна ера на светскиот тенис.

Ѓоковиќ денеска сподели ретка фотографија на која сите членови на познатата голема четворка заедно се насмеани. Српскиот тенисер напиша и пригоден опис .

“Благодарен сум за единствената можност да бидам на ист терен со моите најголеми ривали и легенди на овој спорт. Ова е момент кој ќе го паметам засекогаш. Ви благодариме на Лејвер Купот, кој ни овозможи на четворицата да се собереме. Со нетрпение ги очекувам наредните денови каде што ќе уживаме во одличен тенис и ќе ја славиме извонредната кариера на Федерер“, напиша Ѓоковиќ.

Фотографијата привлече голем број фанови и за нешто повеќе од половина час заработи 200.000 лајкови. Обожавателите пишуваат во коментарите дека ова би била идеална разгледница за да се опише една позната тениска ера.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!