Вие имате прво да ја знаете вистината

Џони Деп продолжи понатаму: Во врска со адвокатката Џоел Рич

Џони Деп е во врска со Џоел Рич, адвокатката која го застапуваше во Велика Британија во судскиот процес за клевета против “Сан“, потврди Пејџ Сикс .

Рич моментално е во процес на развод и не се знае кога точно започнала нејзината врска со Деп.

Извор потврди за медиумите дека Деп се запознал со адвокатката дискретно во хотелите во раните фази на нивната романса, а таа пристигнала во Вирџинија за да го поддржи за време на судскиот процес против Амбер Херд иако таа немала професионална обврска да го стори тоа на времето.

Деп претходно беше поврзуван со Камил Васкез, исто така негова адвокатка, но таа брзо го демантираше тоа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!