Вие имате прво да ја знаете вистината

БИЗАРНО! Тој е фудбалска СУПЕР ЅВЕЗДА и потроши милиони на ВЕШТЕРКА, ја замоли да ФРЛИ МАГИИ на противниците и да ги заврши неговите трансфери

Фудбалската суперѕвезда, францускиот репрезентативец и играч на Јувентус, Пол Погба минува низ турбулентни времиња кога се во прашање настаните надвор од теренот.

Централниот играч за врска и неговото семејство со недели се во центарот на вниманието во Франција и пошироко.

Неговиот брат Матијас Погба се огласи да разоткрие што прави фудбалерот на Јувентус и откри дека Пол потрошил сериозни пари на вештерка која му ја препорачал Серж Аурие, фудбалерот на Нотингем Форест.

Според Матиас, вештерката меѓу другото била вмешана во трансферите на Пол Погба, францускиот напад на Светското првенство и други работи.

– Пол Погба ангажираше вештерка која му ја препорача Серж Орие. На вештерката и плаќал шест години и досега и давал милиони. Пол плати четири милиони евра, а вештерката учествуваше во неговиот трансфер во Манчестер Јунајтед и шампионатот на Франција на Мундијалот. Пол беше особено задоволен од нејзината работа откако Франција го освои Светското првенство. Тој ја замоли вештерката да му фрли магија на Килијан Мбапе пред натпреварот помеѓу ПСЖ и Манчестер Јунајтед. Задачата на вештерката беше да предвиди каква иднина го чека Пол, да ги подобри неговите квалитети, да ги саботира ривалите, да фрла магии на неговите противници или други играчи за да го уништи нивниот потенцијал. Пол Погба плаќал меѓу 75 и 100 илјади евра еднаш или двапати месечно, секогаш во готово – изјави Матиас Погба преку социјалните мрежи.

Неодамна беше приведен поради соработка со организирана банда и претпоставката дека се обидувал да изнуди пари од Пол здружувајќи се со киднаперите кои упаднале во неговиот стан.

Сакам брат ми да се разбуди! Тој треба да сфати што направил, да преземе одговорност и да го извлече нашето семејство од она во што нè воведе. Може да бидам убиен за него секој ден. Јас сакам само да имам нормален живот – додаде Матијас.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!