Вие имате прво да ја знаете вистината

Вака изгледаат домовите на Лионел Меси во Барселона, Мајами и Ибица (фото)

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси поседува неколку имоти, вклучувајќи прекрасни домови во Барселона, Мајами и Ибица.

Богатството на Меси се проценува на 600 милиони евра, а трите имоти вредат нешто повеќе од 25 милиони евра.

Неговиот дом во Барселона се наоѓа во населбата Кастелдефелс и во зоната на забранети летови, па Аргентинецот има максимална приватност и можност за одмор. Внатрешноста е луксузно и удобно наместена, а тука живеел додека играл за каталонскиот клуб.

Меси е сопственик на стан во Мајами, кој се наоѓа во комплексот Regalia Miami Condo со поглед на океанот. Во овој стан Аргентинецот би можел да живее доколку кариерата ја продолжи во американската МЛС лига, а познато е дека легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам сака да го види во својот клуб Интер Мајами ФК. Овој прекрасен дом на Лео вреди повеќе од 5 милиони долари и има отворен план со стаклени ѕидови.

Меѓу фантастичните имоти на Меси е и имотот на Ибица кој неодамна го купи за околу 10 милиони долари. Тој е сопственик и на хотелот МиМ на овој остров, во кој вложил многу пари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!