Вие имате прво да ја знаете вистината

Избрани најпопуларни дестинации во светот – меѓу нив и два града од регионот

Добро познатата платформа Tripadvisor за евалуација на угостителски објекти, услуги како што се екскурзии и тури, како и дестинации, неодамна објави листа на најпопуларните дестинации во светот во својот традиционален избор на Traveler’s Choice 2022 Best of the Best.

Нивните списоци ги креираат самите корисници со нивните оценки во текот на целата година, а се наградуваат во повеќе категории, како “најдобри дестинации за љубителите на храна“, “најдобри места за активен одмор“, “најдобри градови“ и други.

Исто така, постои и категоријата “дестинации во тренд“, која се однесува на дестинации кои моментално се популарни, за кои се зборува и добиваат подобри оценки меѓу туристите. Годинава на таа листа се најдоа два хрватски града, Дубровник и Сплит, на која се најдоа вкупно 22 града.

Дубровник е на петтото место, Сплит на 13-то, а се опишани како места со богата историја, шармантна архитектура и прекрасни плажи.

“Дубровник се опорави од воените штети што ги претрпе во 1990-тите, а посетителите се вратија во овој мирен град. Сместено помеѓу Јадранското Море и Динарските Алпи, тој е достапен и не премногу скап градски одмор за многу европски патници. Стариот Градот е особено шармантен наменет исклучиво за пешаци“, напишаа од Tripadvisor.

“Најголемиот град на јадранскиот брег, крајбрежниот скапоцен камен Сплит, беше под римска, венецијанска, австриска, француска, италијанска и југословенска контрола. Има многу ресторани и винарски визби“, опишуваат Сплит.

Првото место го освои најголемиот шпански остров Мајорка, потоа Каиро во Египет и Родос во Грција и Тулум во Мексико.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!