Вие имате прво да ја знаете вистината

Израелскиот премиер го поддржа решението за две држави

Израелскиот премиер Јаир Лапид повика на решение со две држави за повеќедеценискиот конфликт на Израел со Палестинците и повтори дека Израел ќе стори „се што е потребно“ за да го спречи Иран да развие нуклеарна бомба.

Изјавите на Лапид на Генералното собрание на Обединетите нации доаѓаат откако израелските лидери со години избегнуваа какво било спомнување на ова прашање во ОН.

„Договорот со Палестинците, заснован на две држави за два народа, е вистинската работа за безбедноста на Израел, за економијата на Израел и за иднината на нашите деца“, рече Лапид.

Тој додаде дека договорот ќе биде возможен само под услов тоа да биде мирна палестинска држава која нема да му се заканува на Израел.

За време на неговата посета на Израел во јули, американскиот претседател Џозеф Бајден го поддржа решението за две држави.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!