Вие имате прво да ја знаете вистината

Кадиров ја отфрли одлуката за делумна мобилизација: Чеченците веќе испратија голем број војници

Иако рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој се пропишува делумна мобилизација во Русија, чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека мобилизацијата во Чеченската Република нема да се спроведе.

За време на гостувањето на чеченската телевизија, Рамзан Кадриов објасни дека Чеченија веќе регрутирала голем број војници за војната во Украина, од кои поточно 20.000.

„Чеченија го заврши планот за мобилизација. Овој механизам го разработивме уште од самиот почеток, дури и пред најавата за делумна мобилизација. Покрај тоа, републиката има резерва од илјада доброволци кои, доколку е потребно, ќе се приклучат во Украина. Чеченија има нејзиниот план за пополнување на армијата за 254 отсто“, рече Кадиров.

Имено, откако Путин најави делумна мобилизација, околу 50 жени се собраа во чеченскиот град Грозни и демонстрираа против оваа одлука. Иако полицијата уапси неколку жени, Кадиров рече дека нема потреба од протести во Чеченија.

„Го повикувам населението на Чеченската Република, особено нашите сакани и почитувани мајки, да останат смирени. Сите треба да имаат јасен граѓански став и да не бидат наивни. Што се однесува до оние што критикуваат, тие велат дека се патриоти, а ја напуштиле Русија По одлуката за мобилизација, таквите кукавички ѓубриња треба да се затворат засекогаш“, заклучи Кадиров.

Рускиот претседател Владимир Путин на 21 септември ја потпиша одлуката за делумна мобилизација. Иако министерот за одбрана Сергеј Шојгу нагласи дека одлуката предвидува повикување до 300.000 резервисти, руските медиуми дознаваат дека одлуката може да опфати и до милион резервисти кои Руската Федерација може да ги повика за војната во Украина.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!