Вие имате прво да ја знаете вистината

Леброн Џејмс повеќе не е меѓу 5-те најдобри НБА кошаркари

Кралот повеќе не е на тронот, не е на подиумот или во топ 5-те најдобри играчи на НБА. Леброн Џејмс доживеа пад на ранг-листата на ESPN.

Иако некои ќе ја оспорат оваа информација, факт е дека годините полека го достигнуваат Леброн Џејмс, кој падна во рангирањето додека помладите играчи напредуваат.

Пред почетокот на новата сезона во НБА, ЕСПН го објави своето рангирање на најдобрите 100 играчи во лигата, а Џејмс се најде на шестото место. На минатогодишната листа ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс беше на третата позиција.

ЕСПН постепено ја откриваше листата од 100 до број 1, а во четвртокот беа откриени играчите кои се рангирани од десетата до шестата позиција.

Џејмс се уште е во топ 10, но повеќе не е во топ 5, а зад него се Џејсон Тејтум, Кевин Дурант, Џа Морант и Девин Букер.

Во топ 5 веројатно се и Лука Дончиќ, Јанис Антетокунмпо, Никола Јокиќ, Џоел Емибид и Стивен Кари, иако ова не е официјално рангирање.

Падот на Леброн од топ 5 може да се објасни со разочарувачката сезона на Лејкерс, која заврши на 11. место во Западната конференција, а Џејмс пропушти 26 натпревари поради повреда.

Претсезоната е пред почетокот, а Џејмс влегува во 20-та година во НБА. Прашање е дали тој и Лејкерси можат да ја подобрат формата, дали Џејмс може да се врати во топ 5 или ова е почеток на неговиот пад.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!