Вие имате прво да ја знаете вистината

“Новиот Марадона“ нерешлива енигма за Македонците (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Грузија обезбеди пласман во Б дивизијата од Лигата на нации со победата над Северна Македонија со резултат 2:0 (1:0).

Грузијците имаат освоено 13 бода и пред крајот на колото имаат шест повеќе од второпласираниот вечерашен ривал, кого целосно го надиграа благодарение на фудбалерот на Наполи, Квичи Кварацкелија.

“Новиот Марадона“, како што го нарекуваат навивачите во Неапол, беше “виновникот“ за двата гола на Грузија на оваа средба.

Во првиот “асистираше“ за автогол на Бојан Миовски по центаршут од десната страна.

Се играше 35. минута.

Во 64-та сам го стави своето име на семафорот, по големата грешка на гостинската одбрана.

Живзивадзе го пресретна додавањето и ја одзеде топката, а притоа извлече контранапад со одлично трчање.

Кваратшкелија му понуди асистенција, по што 21-годишниот играч од средниот ред постигна гол за конечни 2:0.

Јасно е дека Грузија ќе оди во следната фаза, а голема е веројатноста дека Гибралтар ќе оди во Д дивизијата, додека Северна Македонија и Бугарија ќе останат во овој ранг.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!