Вие имате прво да ја знаете вистината

ОДНЕСУВАЊЕТО НА КРИСТИЈАН РОНАЛДО Е НАСИЛНО! ФА го обвини славниот Португалец дека го фрлил телефонот на навивачот на Евертон на бетон! (видео)

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) го обвини фудбалерот на Манчестер Јунајтед , Кристијано Роналдо дека ги прекршил правилата, во врска со инцидентот во април годинава, кога славниот португалски фудбалер му го зеде мобилниот телефон на навивач на Евертон и го фрли на бетон.

“Однесувањето на напаѓачот по последниот свиреж на судијата беше непримерно и/или насилно“, се вели во соопштението на ФА.

Роналдо во август доби полициско предупредување за инцидентот што се случи на 9 април во Ливерпул.

По инцидентот на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како 37-годишниот фудбалер го фрла мобилниот телефон на навивачот на Евертон на бетон.

Инцидентот се случи откако Јунајтед претрпе пораз од Евертон (1:0).

Роналдо потоа се извини за “испадот“ и го повика навивачот да дојде на натпреварот на “Олд Трафорд“, “во знак на фер-плеј и спортски дух“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!