Вие имате прво да ја знаете вистината

Османи на состанок на министрите за надворешни работи на ЦЕИ

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи учествуваше на неформален состанок на министрите на надворешни работи на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), кој се одржа на маргините на 77-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

 Министерството за надворешни работи информира дека во фокусот на обраќањата на претставниците на земјите членки на ЦЕИ беше руската воена агресија врз Украина и начинот на кој ЦЕИ може да ѝ помогне на оваа земја.

-Се разговараше и за модалитетите како Иницијативата може да пристапи кон актуелните предизвици директно поврзани со војната – енергетска криза и нарушувањето на синџирот на снабдување.  Во таа насока, министерот Османи повика на вклучување на земјите од Западен Балкан во заедничките механизми на ЕУ за справување со економските, финансиските и енергетските последици од инвазијата врз Украина. Како позитивен пример, во тој поглед, ги посочи одлуките на владите на Бугарија и Грција да ѝ помогнат на Северна Македонија да го преброди недостигот од енергенти, соопшти МНР.

 Османи се осврна и на проширувањето на ЕУ, за кое нагласи дека треба да се гледа како „најадекватна инвестиција за безбедноста на самата Унија и европскиот континтент во целина“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!